Дома Фудбал Италија Интер со пресврт до победа против Аталанта 🎥

Интер со пресврт до победа против Аталанта 🎥

Фудбалерите на Интер го победија тимот на Аталанта со 3:2 на гостински терен во 15. коло од Серија А.

Денеска гледавме уште еден возбудлив натпревар, а во 25. минута Аталанта поведе. Де Фреј задоцни со реакција и го собори Запата, а судијата покажа на белата точка, а сигурен изведувач беше Лукман за 1:0. Пред паузата Интер успеа да израмни, Лаутаро Мартинез проигра покрај Џеко, кој само ја смести топката во мрежата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Аталанта во продолжение тргна во офанзива, а во 54. минута Запата пропушти можност да им донесе предност на домашните. Џеко го казни тоа само две минути подоцна. Димарко нафрли од левото крило, Џеко повторно најагилен во шеснаесетникот за пресврт и 1:2. Кога во 62. минута Паломино со несмасна интервенција ја погоди сопствената мрежа, се чинеше дека Аталанта нема да се врати.

Сепак, Паломино се „извади“ во 77. минута, Купмејнерс изведе корнер, а стоперот на Аталанта со глава постигна гол 2:3. Аталанта тргна на се или ништо во финишот, но Интер добро се бранеше и не дозволи да испушти важни бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тој си го одигра своето во Реал: Алонсо го повлече од игра, не знаеше дека го снимаат, па направи срамен потег (Видео)

Реал Мадрид вчеравечер на гостувањето го победи Овиедо со 3:0 во натпревар од второто коло…