Селекторот на младата фудбалска репрезентација Добринко Илиевски го објави списокот на фудбалери за престојните квалификациски натпревари против Русија и Гибралтар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонската репрезентација до 21 година на 12-ти октомври и гостува на Русија, а четири дена подоцна на домашен терен ќе игра против Гибралтар.
Илиевски за двата дуела повика 20 играчи, а во составот има и неколку нови имиња како: Агрон Руфати, Оливер Стојменовски, Кристијан Трајчевски, Кристијан Трапановски и Енур Тотре.
„Ова се двата последни натпревари и имаат специфична тежина. Русија има квалитетен состав и ќе игра пред својата публика, додека со Гибралтар сме пред императив да победиме. Одиме чекор по чекор, прво Русија, па потоа ќе размислуваме за Гибралтар. Се прави селекција за следниот циклус, добро е помладите да почувствувата како е да де биде дел од оваа репрезентација“, истакна Илиевски.
