Во Интер решија еден дел од проблемот, но се уште ништо не е готово.
Мауро Икарди ќе се врати во соблекувалната на Интер, но сигурно ќе треба да го убеди Спалети дека после толку време може да му помогне на тимот. Имено дел од италијанските медиуми пишуваат дека и Икарди да се врати во следниот натпревар прв избор ќе биде Лаутаро Мартинез.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икарди се видел со претстедателот Стивен Жанг, ја изнел својата страна на приказната. Тој тврди дека е безпотрено понижен со одземањето на капитенската лента, дека давал се од себе и пропуштил само 2% од тренинзите од кога е во Интер.
Од друга страна претседателот му кажал дека клубот го задржува правото на одлука, го повикал Икарди да се врати и го убедил дека во соблекувалната освен Перишиќ никој нема ништо против него.
Што ќе биде со Хрватот?
Според една верзија, тој ќе биде повикан на еден вид мировна конференција со Икарди, ќе присуствуваат Марота и Жанг со цел да дадат ветување дека нема да ја загрозат атмосферата во тимот. Единствената работа која ги интересира во Интер е пласманот во топ 4.
Инаку, Икарди уште одбил да се извини на соблекувалната бидејќи тој смета дека нема зошто да се извинува. Денес би требало да има разговор со Спалети кој ќе му го објасни неговиот статус во овој момент во тимот.