Дома Останати Тенис Изненадување во Мелбурн: Димитров остана без полуфинале

Изненадување во Мелбурн: Димитров остана без полуфинале

Бугарскиот тенисер Григор Димитров на изненадување е поразен во четвртфиналето на Австралија Опен од Британецот Кили Едмунд со 3:1 во сетови.

Димитров како трет носител на турнирот беше фаворит во дуелот со 49. тенисер на светот, но на теренот не ја оправда таа улога и на крајот  во четвртфиналето мораше да се опрости од првиот Гренд Слем оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Кили Едмунд веднаш на стартот на натпреварот направи брејк и поведе со 2:0, но Димитров се врати и израмни на 3:3, а потоа и поведе со 4:3. Британецот во деветиот гејм го прави својот втор брејк, а потоа во последниот гејм на првиот сет спасува три брејк топки и го освојува за водство од 1:0 во сетови.

Вториот сет му припадна на Димитров, кој го доби со 6:3 и израмни на 1:1 во сетови. Третиот сет му припадна на Едмунд со 6:3.

Во четвртиот сет и двајцата тенисери беа сигурни во своите сервиси се до петиот гејм кога Едмунд направи брејк и поведе со 3:2, но Димитров веднаш возврати и со добри сервиси дојде до водство со 4:3. Како и во двата претходни сета, во завршницата подобро се снајде Едмунд кој со брејк дојде до 5:4, a во наредниот гејм ја искористи првата меч топка и дојде до голема победа.

Едмунд во полуфиналето на Австралија Опен ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Рафа Надал и Марин Чилич, кој се игра денеска со почеток во 9:10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вака изгледа патот на Новак Ѓоковиќ до титулата на Австралија Опен

Со победата над италијанскиот ривал Франческо Маестрели во три сета, нашиот Новак Ѓоковиќ …