Дома Останати Тенис Тенисерка од Египет стна хит: Не знаеше ниту да сервира! (Видео)

Тенисерка од Египет стна хит: Не знаеше ниту да сервира! (Видео)

Денешниот натпревар на ITF турнирот W35 во Најроби предизвика неверување меѓу тениската публика и веднаш стана вирален на социјалните мрежи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Главната улога ја имаше Хаџар Абделкадер, тенисерка од Египет, која добила специјална покана за учество на турнирот.

Наспроти очекувањата, нејзиниот настап ги шокираше гледачите.

“Мислев дека некој се шегува и ѝ обезбедил покана. Не знаеше ни од која страна да сервира и изгледаше како првпат да држи рекет. Во целиот натпревар освои само три поени и направи дури 20 двојни сервис грешки”, напиша еден љубител на тенисот кој ја објави снимката од натпреварот.

Абделкадер беше поразена од Германката Лорена Шедел, која е 1026. на светската ранг-листа, со лесни 2:0 во сетови, и тоа во два наврата по 6:0.

Целиот меч траеше само 38 минути.

Овој необичен настан поттикна многу прашања во врска со критериумите за доделување на специјални покани на ITF турнирите, а многу љубители на тенисот коментираат дека не паметат ваков натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Eве што велат коефициентите: Ѓоковиќ е голем аутсајдер против Синер!

Седумкратниот шампион на Вимблдон ја носи улогата на аутсајдер пред дуелот со Јаник Синер …