Дома Фудбал Останато Изpeшетан дуќан и моpбидна закана кон Меси: Те чекаме…

Изpeшетан дуќан и моpбидна закана кон Меси: Те чекаме…

Изминатата вечер од Росарио, родниот град на Меси беа испратени моpбидни закани кон Аргентинецот и тоа преку семејството на неговата сопруга, Антонела Рокузо.

Имено, дуќанот кој го има семејството на Антонела бил изpeшетан со 14 кypшyми од напаѓачи кои биле на мотор. Освен тоа тие оставиле и заканувачка порака.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Меси те чекаме, Јавкин е наpко-дилep и тој ќе се погрижи за тебе“, пишувало на оставената порака.

Пабло Јавкин е градоначалник на Росарио. Во овој момент истрагата покажува дека веројатно станува збор за обид за изнуда на пари од Меси. Никој не бил повpeден во текот на инцидентот затоа што супермаркетот во тие моменти бил затворен.

Дел од медиумите пишуваат дека мотив за нападот може да биде и последната информација која се појави во јавноста, а тоа беше дека Аргентинецот нема намера да се враќа во Њуелс Олд Бојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Де Брујне нема да ја носи легендарната „десетка“ на Марадона

Белгискиот ас Кевин Де Брујне и официјално е едно од најголемите засилувања на Наполи во п…