Златан Ибрахимовиќ уживаше во својата прва сезона во Манчестер Јунајтед и беше прв стрелец со 28 гола, но се расипа тешката повреда на вкрстените лигаменти која ја доживеа на натпреварот против Андерлехт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибра веднаш беше опериран и ќе отсуствува од терените до крајот на годината. Без ветеранот Јунајтед се мачи, а за тоа време Ибра ужива во Флорида.

Ибрахимовиќ се рехабилитира во Мајами, сместен е во хотелот „South Beach“, а на фотографиите може да се види како ужива на сонце покрај базен, а фановите едноставно го „бомбардираат“.
Иако во Америка фудбалот не е многу популарен, сепак Ибра има многу обожаватели кои веднаш се фалат на Инстагарам со своите фотографии.