Дома Фудбал Англија И после долга пауза, Шпанецот нема намера да се повлече од фудбалот?!

И после долга пауза, Шпанецот нема намера да се повлече од фудбалот?!

Шпанскиот играч за врска, Санти Казорла се уште не закрепнал од повредата на листот.

Кзотка е повреден уште од октомври изминатата година, а кобен беше мечот против Лудогорец во рамки на Лигата на шампионите. Она што ги загрижи навивачите на Арсенал е фактот што Венгер не го вметна во списокот на играчи на кои ќе сметаа во Премиер лигата во првиот дел од сезоната.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Сепак, како што јавува шпански „Ас“, Казорла нема намера да се прости од фудбалот, иако е сосем јасно дека на теренот нема да го видиме уште долго време. Да потсетиме дека тој неодамна на социјалните мрежи објави видео во кое се гледа дека напорно работи на закрепнување од повредата.

Инаку, Казорла е член на Арсенал од 2012. година, а досега за овој тим одигра 129 натпревари во ПЛ и постигна 25 погодоци. Пред Арсенал тој настапуваше за Виљареал, Рекреативо и Малага. За репрезентацијата на Шпанија запиша 77 настапи и постигна 14 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Баерн на полноќ добиле порака која ги шокирала: Еве што им порачал Вирц

Иако сите мислеа дека Флоријан ова лето сигурно ќе потпише за Баерн, ситуацијата се сврте …