Дома Фудбал Италија „И дете од две години ќе видеше дека имаше пенал за Торино против Интер“

„И дете од две години ќе видеше дека имаше пенал за Торино против Интер“

Легендарниот пензиониран фудбалски судија, Паоло Касарин коj ги следи случувањата во Италија е убеден дека Марко Гуида и останатите кои беа во ВАР собата направиле голема грешка.

Станува збор за прекршокот во првото полувреме кога Белоти беше соборен од Ранокија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Мислам дека и дете од две години ќе видеше дека тоа е чист пенал. Не е потребно да сте преофесионален судија за да знаете дека имаше контакт за најстрога казна“.

„За мене виновни се луѓето од ВАР собата кој не му сигнализираа на судијата на теренот. Барам Роки да го преслуша нивниот разговор. Прекршокот од Ранокија навистина беше очигледен“, изјави Касарин.

Ќе потсетиме Интер и Торино одиграа 1:1, „нероаѕурите“ од пораз се спасија со гол во последните моменти од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…