Дома Фудбал Репрезентации Зошто втор пат по ред Енрике не повикува играч од Атлетико Мадрид?

Зошто втор пат по ред Енрике не повикува играч од Атлетико Мадрид?

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике денес го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните натпревари против Португалија, Украина и Швајцарија.

Она што може да се забележи на списокот е што повторно нема ниту еден играч од Атлетико Мадрид, ова се случува втор пат едноподруго.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Низ дел од шпанските медиуми веќе и се шпекулира дека Енрике има нешто против „јорганџиите“ и не е дека нема причина за таквите шпекулации. Посебно дискутабилни се позициите во средниот ред каде што Атлетико ги има Саул Нигез и Коке, двајца одлични фудбалери. Таму Енрике ги повика Бускетс кој е незаменлив, Серхио Каналес, Дани Себаљос и соиграчот на Барди од Леванте кој е дебитант, Хозе Кампања.

Добро, за Бускетс нема многу што да се коментира, меѓутоа за многумина тандемот од Атлетико заслужува предност пред останатите тројца.

Како и да е Енрике е селекторот и тој ќе избира, ако има резултати сигурно дека никој ништо да му забележи.

СОСТАВОТ НА ШПАНИЈА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Раул сака нов предизвик – го известил Реал дека ќе замине

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид Раул Гонзалес, кој е тренер на младиот тим на Краљево…