Изборот за играч на годината од страна на францускиот магазин „Франс Фудбал“ ќе биде одржан на 3. декември во Париз, а според наводите на „Л`екип“ на кратката листа за наградата нема да го има минатогодишниот победник, Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Споменатиот медиум откри дека одлуката ќе ја донесе помеѓу тројца играчи – Лука Модриќ, Килијан Мбапе и Рафаел Варан, и дека признанието сигурно ќе го добие Варан. Како причина се наведува тоа што дефанзивецот го освои Светското првенство со Франција и Лигата на Шампионите со Реал Мадрид.
Интересно е тоа што на кратката листа го нема ниту напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман кој до сега беше меѓу главните фаворити, а на листата не се наоѓа ниту играчот на Барселона, Лео Меси. Тоа укажува дека Златната топка, доколку овие извори се точни, по 10 години нема да оди во рацете на Роналдо и Меси.
Последен кој ја доби таа награда, пред доминацијата на споменатите двајца играчи беше Рикардо Кака.