На големо изненадување на целата македонската спортска јавност, тренерот на македонскиот шампион си поднесе оставка од местото главен тренер на Вардар.
Како причина Седлоски ги наведува поразите против Копенхаген и Шкендија. Сепак веројатно целата македонската јавност се прашува зошто го направи ова на само два дена пред големиот натпревар против турски Фенербахче.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во продолжение ви го пренесуваме во целост соопштението со кое Седлоски излезе во јавноста.
„Почитувани.
Јас, Гоце Седлоски денес донесов одлука да си поднесам оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Вардар, за доброто на сите во клубот. Ова размислував да го направам уште после вториот натпревар со ФК Копенхаген кој што го загубивме. Сепак, успеав да соберам сили и да го започнам македонското првенство. После загубениот натпревар со Шкендија, овие два дена размислував добро и денеска ја донесов оваа одлука. Тие два порази ме погодија многу бидејќи јас како човек не сум навикнат да губам, но и фудбалскиот клуб Вардар не е навикнат на порази.
Горд сум на постигнатото. Успеавме да освоиме две титули во две години, а горд сум и на победата над Малме и пласманот во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите, како и домашната победа со Копенхаген.
Сакам да се заблагодарам на играчите, управата и до сопственикот г-нот Сергеј Самсоненко од кој имав несебична поддршка во целиот период. Благодарност и до сите вработени во Фудбалскиот клуб Вардар. Жалам, дојде време да се разделиме. На фудбалскиот клуб Вардар му посакувам успех на европска сцена во плеј-офот од Лигата на Европа против Фенербахче, како и во домашното првенство и Купот на Македонија“.