Дома Останати Златан Ибрахимовиќ доби предизвик да се соочи во рингот

Златан Ибрахимовиќ доби предизвик да се соочи во рингот

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ стави крај на својата голема фудбалска кариера.

Шведскиот напаѓач ги закачи копачките во Милано и сега може да се опушти и да ужива во животот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, пред неколку дена Ибра доби интересен предизвик да се проба во бокс, а го предизвика инфлуенсерот КСИ.

Повеќе од 20 години Златан Ибрахимовиќ важи за еден од најдобрите напаѓачи во светот. Легендарниот Ибра играше за големите гиганти на светскиот фудбал, а на крајот ги закачи копачките како играч на Милан.

Ибрахимовиќ во текот на кариерата беше многу жесток. Цел свет зборуваше за неговите инциденти со соиграчите, со кои знаеше да се налути, па дури и физички да се пресмета.

Во тие пресметки, но и на теренот каде изведуваше неверојатни потези му помогнаа таеквондо вештините. Затоа, не е ни чудо што по завршувањето на кариерата доби предизвик да се најде во рингот.

Познатиот инфлуенсер КСИ го повика Златан на боксерски меч. Тој смета дека меѓусебниот дуел би го привлекол светското внимание.

„Би сакал да се оствари. Би било навистина неверојатно“, рече КСИ и додава:

“Гледав како удира во торбата. Изгледа знае добро да удира. Одиме брат. Влези во рингот пријателе”, е пораката на овој инфлуенсер до Златан Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Уапсен најдобриот голфер во светот🎥

Најдобриот голфер во светот Скоти Шелфер бил уапсен, пренесуваат светските медиуми. Шелфер…