Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Сега малку одмор, па атак на Лигата на шампиони

Зидан: Сега малку одмор, па атак на Лигата на шампиони

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по освоената титула во Примера се надева на добра завршница во Лигата на шампиони.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ ќе го искористат одморот пред натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Манчестер сити, кое се игра на 7 август.

„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Сити и да играме што е можно повеќе во ЛШ. Сега ни претстојат неколку дена неопходен одмор за да ја вратиме силата. Не се грижам за тоа дали играчите ќе дојдат неподготвени, тие се професионалци. Знам дека сега им е потребно да се релаксираат, за да може да бидат подготвени за новите предизвици“, истакна Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Неговата приказна во Мадрид е завршена: Реал се откажа од голема ѕвезда!

Реал Мадрид донесе голема одлука. Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени не е во план…