Македонскиот ракометен тренер Звонко Шундовски се врати во Романија и својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Костанца.

Клубот се пофали дека нивниот омилен тренер се враќа на клупата. Звонко Шундовски претставен е попладнево, а доаѓа по едногодишна авантура на селекторската клупа на Израел. Тој ја водеше Констанца од 2012 до 2015 година, со него на чело клубот ги забележа најголемите успеси и затоа го претстави со голема еуфорија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тој е тренерот со кој Констанца ги запиша најдобрите сезони во историјата: го освои Купот, првенството, романскиот Супер куп и се пласира на Ф4-турнирот од ЕХФ-купот во Берлин. Со Звонко ќе бидеме посилни! Напред Констанца!“, пишува во клупското соопштение.

Сега во Костанца ќе ги тренира и двајцата македонски интернационалци – Велко Маркоски и Никола Митревски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Зошто Роналдо на теренот секогаш зачекорува прво со десна нога?

Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во историјата. Славниот Португалец низ к…