Дома Трансфер зона Заборавениот Јохан Кабаје пронајде нов клуб

Заборавениот Јохан Кабаје пронајде нов клуб

Јохан Кабаје едно време беше ѕвезда на светскиот фудбал, но од поодамна исчезна од светската фудбалска мапа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кабаје денес има 33 години и најдобрите денови се зад него. Своевремено правеше големи трансфери, играше за Њукасл и ПСЖ и беше важен дел од репрезентацијата на Франција за која собра 48 настапи. Сепак, последен пат репрезентативниот дрес на „Триколорите“ го носеше во 2016 година.

Во ПСЖ Кабаје стигна во 2014 година од Њукасл за 25 милиони евра, за една година подоцна да се врати во Англија и да потпише за Кристал Палас кој во тоа време за него го собори клупскиот рекорд.

Соработката со Кристал Палас Кабаје ја заврши во 2018 години и се упати кон Обединетите Арапски Емирати каде што поттпиша за Ал-Наср.

Сепак тоа се покажа дека не е клуб по мерка на Кабаје и во јануари ја заврши епизодата во овој клуб.

Сега француските медиуми пренесуваат дека Кабаје наскоро ќе потпише за Сент.Етјен.

Кабаје наскоро би требало да ги помине лекарските прегледи  и оваа недела трансферот се очекува да биде официјализиран. Сепак, веројатно на Кабаје ќе му биде потребно некое време да се вклопи во екипата со оглед дека последниот официјален натпревар го одигра во декември 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…