Дома Останати Кошарка НБА За Јанис Антетокумпо е спремен најголемиот договор во историјата на НБА!

За Јанис Антетокумпо е спремен најголемиот договор во историјата на НБА!

Јанис Антетокумпо оваа сезона веројатно ќе биде прогласен за МВП во НБА лигата, а наскоро би можел да го потпише и најбогатиот договор во историјата на кошарката.

Звездата на Милвоки втор пат во низа се најде во првата петорка во НБА лигата, а во САД се убедени дека неговиот тим му спрема рекордна сума за продолживање на договорот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што пишува новинарот на „ЕСПН“, Боби Маркс, Антетокумпо ги исполнил ситеуслови за на летото 2020 година да го добие најголемиот договор во историјата на НБА лигата.

Се верува дека тоа би било петгодишна соработка. Новиот договор би започнал да важи од сезоната 2021/2022, а би вредел вкупно 247.3 милиони долари (221.2 милиони евра).

По сезони заработката на Јанис би изгледала вака: 42.6, 46.0, 49.5, 52.9 и 56.3 милиони долари.

Ќе потсетиме, Милвоки оваа сезона игра во финалето на Истокот и губи од Торонто со 3:2 во серијата.

Јанис Антетокумпо на овогодинешниот НБА плеј-оф просечно забележува 26 поени, 12.8 скокови, 4.8 асистенции, две блокади и 1.2 украдени топки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…