Дома Фудбал Англија За казна фудбалерите на Јунајтед денес морале да трчаат 13.8 километри

За казна фудбалерите на Јунајтед денес морале да трчаат 13.8 километри

Стратегот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг бил разочаран после вчерашниот дебакл од Брентфорд и поразот од 4:0, па го откажал денешниот слободен ден кој требало да го имаат фудбалерите.

Под казна денес тие морале да се појават во тренинг центарот „Керингтон“ и да одработат цела сесија. Казната не била само да мора да тренираат туку требало да истрчаат и 13.8 километри.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Километрите не биле случајно одредени, туку точно толку помалку „црвените ѓаволи“ имале истрчано од Бретнфорд во натпреварот.

Брентфорд вчера истрча вкупно 109.4 километри, додека Јунајтед имаше 95.6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендaтa на Јувентус: Младите треба да го следат примерот на Роналдо, а не на Меси

Во вечната дебата за тоа кој е поголем, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, легендата на Ј…