Чави Ернандез е новиот тренер на Барселона и пред медиумите ќе биде промовиран во понеделник.
Легендата на Барселона се враќа на „Ноу Камп“ после одличниот период како тренер на Ал Сад во Катар. За да го доведе Барселона требаше да ја плати откупната клазула од пет милиони евра, а се најде компромис самиот Чави да плати половина од сумата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот брзо се договори, иако поставил неколку услови. Шпанските медиуми пишуваат дека Лапорта прифатил три услови.
Чави побарал комплетно да се промени медицинскиот тим и да се врати Рикардо Пруно кој таа должност во Барселона ја извршуваше 25 години. Вториот услов бил да го земе со себе стручниот штаб од Ал Сад и како последно во јануари да му бидат доведени барем две-три засилувања.