Познатиот трансфер експерт Фабрицио Романо даде свое мислење за ситуацијата на српскиот напаѓач Душан Влаховиќ.
Влаховиќ е еден од најбараните напаѓачи во Европа. Фабрицио Романо смета дека Влаховиќ во јануари нема да ја напушти Фиорентина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ситуацијата на Влаховиќ е и понатаму иста. Тој сака да остане во Фиорентина до лето. Ако Арсенал сака да го доведе сега мора да направи нешто лудо. Јас лично не гледам како неговиот трансфер би се реализирал до крајот на овој месец“, изјави Романо.
Ќе потсетиме, Арсенал покажа сериозен интерес.„Топџиите“ нудеа 70 милиони евра на Фиорентина и 10 милиони евра годишна плата на Влаховиќ. Сепак, како што сега стојат работите Србинот ќе го почека летото и понудите од другите клубови.