Дома Топ вести Жиру потврди: Го напуштам Милан

Жиру потврди: Го напуштам Милан

Исксусниот голгетер Оливие Жиру денес потврди дека после три сезони го напушта Милан и се сели во МЛС лигата.

Неговиот договор со Милан истекува на лето и ќе замине како слободен агент, а за клупскиот канал потврди дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Французинот веќе постигнал договор со ФК Лос Анџелес и ќе игра во МЛС лигата. ФК Лос Анџелес е клуб кој постои само девет години, но веќе во своите редови има познати фудбалери, таму е и сонародникот на Жиру Уго Лорис.

„После три  години го напуштам Милан и ќе ги одиграм последните два натпревари за овој клуб. Заминувам, но Милан секогаш ќе остане во моето срце, поминав прекрасни години овде“, изјави Жиру.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…