Дома Фудбал Италија Жестоки критики за Бонучи: Тој е срам за Јувентус и треба да го продадат!

Жестоки критики за Бонучи: Тој е срам за Јувентус и треба да го продадат!

Mладиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин се најде во центарот на вниманието после вчерашниот натпревар против Каљари кој „старата дама“ го доби со 0:2.

Јувентус како гостин славеше победа од 2:0, а еден од головите го постигна и Кин. Но, пред тоа тој и Блез Матуиди беа мета на расистички навреди од трибините.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Кин го постигна голот застана пред навивачите на Каљари и на тој начин им одговори на нивните навреди. Голема прашина се крена кога после натпреварот се огласи Леонардо Бонучи кој место да го брани својот соиграч го нападна.

„Имаше расостички навреди кон Кин, Матуиди исто така се налути поради тоа. Меѓутоа вината е 50:50. Погреши Моис, погрешија и навивачите. Тој треба головите да ги слави заедно со соиграчите. Треба да бидеме пример, треба да напредуваме зедно за фудбалот да функционира во овие ситуации“, изјави Бонучи после натпреварот.

Многумина веднаш го осудија Бонучи бидејќи ги бранеше навивачите на домаќините и на некој начин ги одобри навредите кон Кин, но и Матуиди.

Драмата се уште не се смирува бидејќи се огласи менаџерот на Кин, Мино Раиола кој немаше милост кон Бонучи и беше прилично остар.

„Ако во клубот постојат личности кои не сакаат да се борат против расизмот тие треба да си заминат. Спортот има важна улога во Италија. Помеѓу самите Италијани постои расизам, но сите молчат за тоа. Бонучи е срам за Јувентус и треба да го продадат“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…