Дома Трансфер зона „ЕСПН“: Интер за Лукаку нуди двајца играчи!

„ЕСПН“: Интер за Лукаку нуди двајца играчи!

Интер има сериозни планови наредното лето да направи големи промени кога во прашање е нападот на овој тим.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасно е дека Мауро Икарди ќе го напушти Интер, Конте повеќе не смета на него, а неговото место ќе го превземе Един Џеко. Италијанските медиуми пишуваат дека се чека само официјална потврда за овој трансфер.

Но, покрај Џеко на големо веќе со недели се шпекулира дека Интер го сака и Ромелу Лукаку. Овој тим испраќаше неколку понуди до Манчестер Јунајтед, меѓутоа од Манчестер добиваа негативен одговор.

Сепак, во Интер не се откажуваат од белгискиот напаѓач, а англиските медиуми денес пренесуваат дека Интер спрема неверојатна понуда. „ЕСПН“ објави дека Интер е подготвен на Јунајтед да му ги понуди Икарди и Наинголан во замена за Лукаку.

Во Интер така сакаат да избегнат да платат околу 80 милиони евра. Икарди би го заменил Лукаку во нападот, додека Наинголан би бил замена за Ерера кој си заминува од Јунајтед како слободен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…