Дома Фудбал Англија Една фотографија на најдобар начин ја покажува омразата помеѓу Ливерпул и Јунајтед

Една фотографија на најдобар начин ја покажува омразата помеѓу Ливерпул и Јунајтед

Ливерпул вчера го победи Манчестер Јунајтед на домашен терен во големото дерби со сигурни 2-0.

Црвените така ја совладаа единствената екипа во лигата која не ја победија во првиот дел од сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Погодоците за големата победа ги постигнаа Ван Дијк во 14. минута и Мохамед Салах во продолжението на натпреварот.

Црвените на тој начин стигнаа до 21. победа во 22. одиграни натпревари, подвиг со кој не може да се пофали ниту еден тим од најдобрите пет лиги.

Треба ли воопшто да се напомене дека натпреварот е одигран пред преполните трибини на Енфилд, а навивачите пред натпреварот направија пеколен пречек на гостинскиот тим.

Имено, додека автобусот на Црвените ѓаволи се пробиваше низ навивачите на Црвените, камерите фатија дел од навививачите како ги “поздравија“ со среден прст гостинските играчи.

Оваа фотографија можеби на најдобар можен начин ја покажува омразата помеѓу двата најтрофејни англиски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…