Дома Македонски спорт Еден час за Елмас, 90 минути за Велковски, Наполи ја доби Ријека ?

Еден час за Елмас, 90 минути за Велковски, Наполи ја доби Ријека ?

За македонската јавност во Лига Европа посебно внимание денес привлекуваше натпреварот помеѓу Ријека и Наполи бидејќи на двете страни имаше по еден Македонец.

И Велковски и Елмас стартуваа за своите тимови од првата минута. Ријека добро го отвори натпреварот и во 13. минута преку Муриќ хрватскиот тим стигна до предност. Наполи успеа да изедначи во финишот од првиот дел преку Деме.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Елмас на теренот беше се до 60. минута кога беше заменет од Фабијан Руиз. Неколку моменти пред да излезе од игра Елмас беше блиску да постигне погодок, но неговиот удар заврши покрај голот. До водство гостите од Италија стигнаа со автоголот на Браут. Резултатот од 1:2 се покажа и како конечен.

ЛЕ Резултати:

Рома – Клуж 5:0

Бенфика – Ренџерс 3:3

Хапоел Бер Шева – Леверкузен 2:4

Лех – Стандард 3:1

Лудогорец – Тотенхем 1:3

ПАОК – ПСВ 4:1

Рапид Виена – Дудалк 4:3

Реал Сосиедад – АЗ Алкмар 1:0

Сиваспор – Карабах 2:0

Славија Прага – Ница 3:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Артета во проблем: Еден ден Ѓокереш, друг ден Шешко, а на крајот – никој!?

Еден ден Бенјамин Шешко во Арсенал, друг ден Виктор Ѓокереш, трет ден – никој. Навив…