Дома Фудбал Германија Еден од фаворитите за тренерското столче го одби Баерн

Еден од фаворитите за тренерското столче го одби Баерн

Фаворитот за клупата на Баерн Минхен, Ерик тен Хаг беше категоричен дека нема да го напушти Ајакс на среде сезона за да се пресели на „Алијанц Арена“.

Тоа готово сигурно значи дека Баварците ќе бараат друг тренер бидејќи нема да можат да го чекаат Тен Хаг до крајот на сезоната.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Во овој момент единствено размислувам само на дуелот против Челзи во Лигата на шампионите. Навистина горд сум што моето име се споменува, но нема да го напуштам Ајакс среде сезона. Затоа не сакам да зборувам на тоа прашање, јас сум максимално фокусиран само на Ајакс“, рече Тен Хаг. 

Тен Хаг и оваа сезона одлично го води Ајакс, тимот е лидер во холандската лига и има добри резултати во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…