Дома Фудбал Останато Европските тренери бараат укинување на правилото „гол во гости“

Европските тренери бараат укинување на правилото „гол во гости“

Тренерите на водечките европски клубови доставиле предлог до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) да го преиспита правилото за „гол на гостински терен“.

Вчера се одржала традиционалната средба на тренерите на водечките европски клубови со раководителите на европскиот фудбал и на неа биле дискутирани прашања кои се однесуваат на развојот на фудбалската игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Правилото „гол во гости“ игра клучна улога и носи предност во елиминациската фаза на европските турнири.

„Тренерите исто така сакаат преодниот рок да завршува насекаде во исто време. Околу голот во гости, тие велат дека постигнувањето голови на гостински терен не е толку тешко како во минатото“, изјави генералниот секретар на УЕФА, Џорџо Маркети.

Ова правило важи уште од далечната 1965 година, па доколку се укине елиминациите ќе добијат комплетно друг изглед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…