Тимот на Евертон е едно од најголемите разочарувања во англиската Премиер лигата од почетокот на сезоната.
После 13 одиграни кола тие се наоѓаат на 16 позиција со само два бода над опасната зона. „Карамелите“ пред две недели го отпуштија Роналд Куман, а клубот подоцна се обидуваше да го доведе поранешниот селектор на Англија, Сем Алардајс, но сепак двете страни не успеаа да се договорат.
Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓
За привремен тренер беше назначен Дејвид Ансворт, но и со него на клубот повторно не му оди.
Сега, англиските медиуми пренесуваат дека Евертон е спремен да ги исполни барањата на Алардајс и да го доведе во клубот.