Дома Македонски спорт Е.Пелистер немаше сили за изненадување, пораз од осум гола разлика во Германија

Е.Пелистер немаше сили за изненадување, пораз од осум гола разлика во Германија

Еурофарм Пелистер не успеа да приреди некакво изненадување и на гости во Германија доживеа пораз од Рајн Некар Левен со 28:20.

Битолскиот тим добро се држеше во првото полувреме и не дозволија домаќините да се одлепат на некоја повисока предност. Најголемата предност Рајн Некар ја направи 26. минута, плус 4 (13:9). На полувреме се замина со 14:11.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Веднаш на стартот на второто полувреме Рајн Некар дојде и на предност од пет гола разлика, меѓутоа тогаш со серија од 3:0 се вратија на 17:15. За жал добрата игра не продолжи, па следуваше серија на фаворитот за водство од 22:15 во 47. минута.

До крајот Е.Пелистер немаше сили за да се врати, па Рајн Некар забележа сигурна победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар веќе договорил ново засилување!

РК Вардар се подготвува со свежи имиња за следната сезона, а едно од нив е српското десно …