Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги очекува натпревар против изненадувањето на сезоната, грчкиот вицешампион АЕК Атина.
Тренерот на битолскиот тим, Жељко Бабиќ го најави овој натпревар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„АЕК покажа на почетокот од турнирот дена е организирана и дисциплинирана екипа и одлично истрчување по освоена топка. Победија на убедлив начин во првото коло на домашен терен, а во второто коло ја изненадија цела Европа со победата во Ним. Стабилна екипа, во налет се и заслужува респект.
Сезоната е долга, оптимисти сме, желни сме за натпреварување и едвај чекаме да почне натпреварот и да видиме која е вредноста на АЕК. Во добар момент сме, во добра форма сме и со нетрпение го чекаме натпреварот и уверен сум дека ќе покажеме добар тимски дух, добро трчање, добра одбрана и верувам дека АЕК ќе „удри“ во цврст „ѕид“ на Еурофарм Пелистер. Спремни сме да одиграме одличен натпревар и ќе видиме за што ќе биде тоа доволно“, изјави Бабиќ.
Фото: РК Еурофарм Пелистер