Еурофарм Пелистер го обезбеди пласманот во осминафиналето во Европската лига каде што ќе игра против Нексе.
Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар и го декласираше грчкиот тим со 30:19. Со овој триумф Е.Пелистер ја заврши групата со пет победи, две ремија и три порази што беше доволно за второто место на табелата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Атмосферата во преполната сала „Боро Чурлевски“ беше фантастична, а еден од најзаслужните беше голманот Мартон Секељ кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, одбрани и седум седмерци. Мандалиниќ беше прв стрелец со седум гола, Табоада постигна шест, а Божиќ Павлетиќ шест.
Победникот на натпреварот беше решен после 12 минути игра во второто полувреме кога домаќините направија серија од 7:0 и поведоа со 17:10.
Од тој момент грчкиот претставник немаше сили да се врати во игра, па Е.Пелистер ја обезбеди победата.
Фото: РК Еурофарм Пелистер