Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.
Англискиот репрезентативец на 17 натпревари во дресот на „кралевите“ постигна 15 голови и четири асистенции и веднаш стана миленик на навивачите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите до сега куличе над 100.000 дресови, а дресот на Белингам од клупската продавница чини 125 евра, додека се доплаќа дополнителни 25 евра за презимето и бројот.
Тоа значи дека Реал Мадрид до сега само од продажба на негови дресови заработил околу 15 милиони евра.