Дома Останати Кошарка Евробаскет Драгиќ со солзи во очите: Го доби дресот на најдобриот играч од Европа на сите времиња (Фото)

Драгиќ со солзи во очите: Го доби дресот на најдобриот играч од Европа на сите времиња (Фото)

Капитенот на Словенија, Горан Драгиќ го предводеше својот националец тим до европското злато, а денес донесе конечна одлука да се повлече од репрезентацијата и да ја завршии својата кариера.

Нему денес му беше врачен посебен подарок и тоа од страна на мајката на еден од најдобрите кошаркари во историјата на Европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бисерка Петровиќ на Горан му го испрати дресот на Дражен од Њујорк Нетс што предизвика посебни емоции кај Словенецот.

„Ова е еден од најубавите подароци што сум ги добил во животот. Дражен беше мој идол. Сите знаеме што направи за југословенската кошарка и за кошарката воопшто. Голема чест е да се облече овој дрес со бројот 3“, истакна Драгиќ.

На лицето на капитенот на Словенија се видоа солзи што покажа навистина какви емоции предизвика ваквиот гест кај него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Најдобриот кошаркар во Евролигата не сака повеќе да игра за Бугарија, познато во која репрезентација ќе продолжи

Најдобриот кошаркар во Евролигата, Саша Везенков во иднина би можел да настапува за репрез…