Дома Македонски спорт Дориан Бабунски избран за играч на колото во Бугарија

Дориан Бабунски избран за играч на колото во Бугарија

Дориан Бабунски одлично ја започна сезоната во тимот на Ботев Враца.

Поранешниот младински репрезентативец постигна два гола и донесе победа за својот тим против Левски Софија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Овој фантастичен настап на Бабунски му го донесе признанието фудбалер на колото во бугарското првенство.

„Благодарен сум на сите тренери кои гласаа за мене. Без помошта од мојот тим Ботев Враца немаше да стигнам до ова признание“, изјави Бабунски.

Ќе потсетиме, Бабунски и во минатата сезона беше одличен во Ботев и го спаси клубот од испаѓање, а сега најавува нова добра сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…