Репрезентативец на Македонија, Дориан Бабунски доби големо признание во Унгарија каде што го носи дресот на Дебрецен.
26-годишниот напаѓач настапува за унгарскиот тим од 2023 година и сезонава прикажа навистина одлични настапи, а Дебрецен како третопласиран во првенството обезбеди место во еврокуповите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Бабунски имаше клучна улога во последните кола. Сезоната ја заврши со 13 гола и четири асистенции на 30 натпревари, посебно одигра одлично со најдобриот клуб во Унгарија, Ференцварош против кого постигна два гола и донесе победа.
По таквите настапи сосема заслужено е прогласен за играч на сезоната во неговиот клуб.