Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ руши рекорди на теренот и надвор од него: Добива рекорден спонзорски договор

Дончиќ руши рекорди на теренот и надвор од него: Добива рекорден спонзорски договор

Младиот Словенец Лука Дончиќ запиша дури 42 поена збогатени со 11 асистенции и 9 скокови во победата на Далас Маверикс на гости кај Феникс Санс.

Дончиќ имаше неверојатен ноември во просек постигнувајќи по 32,4 поени, 10,3 скокови и 10,4 асистенции по натпревар. Во историјата на НБА само уште на Расел Вестбрук и Оскар Робертсон им успеало да запишат трипл-дабл со над 30 поени месечно.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Дончиќ е сигурно нова НБА ѕвезда, па стана магнет и за спонзори, а наскоро би требало да добие нов договор за брендот на патиките.

Рекордот го има Вилијамсон, кој доби над 100 милиони долари, а секако тука е и Леброн Џејмс, кој тешко дека некој ќе го надмине, но Дончиќ би можел да биде во самиот врв, зашто речиси сигурно ќе потпише договор вреден повеќе од 100 милиони долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Македонска гордост: Даниела Алексоска со брз финиш славеше на „Армада 14“ (Видео)

Македонската ММА натпреварувачка Даниела Алексовска со стил стигна до голема победа на нас…