Ливерпул вчера го победи Порто со 2:0 и така дојде блиску до пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Порто создаде неколку добри прилики, но сепак не мрежата на Алисон остана „чиста“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Икер Касиљас и покрај тоа што неговиот тим има тежок резултат верува дека тој и соиграчите можат да направат пресврт.
„Искрен јас сум голем оптимист, верувам во нашите можности. Нема да кажеме дека двомечот е завршен затоа што е не е така. Тие ни зададоа прв удар, меѓутоа пред нас е натпревар на „Драгао“ кој треба да се одигра. Во овие седум дена кои следат треба добро да се подготвиме и пред нашата публика да се прикажеме во најдобро светло“, порача шпанскиот голман кој втора година во низа доживува иста сцена на „Енфилд“.
Легендарниот Икер доби стоечки овации од популарната „Коп“ трибина каде што се сместени најстраствените навивачи на Ливерпул.