Дома Фудбал Англија Крај на уште една ера: Ливерпул ќе го менува името на „Енфилд“

Крај на уште една ера: Ливерпул ќе го менува името на „Енфилд“

Наскоро во Ливерпул би требало да започнат со работа на „Енфилд“ затоа што сакаат да го прошират и реновираат стадион.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Енфилд“ е еден од најлегендарните стадионите во светот на фудбалот. Со реновирањето овој стадион би требало да добие уште околу 7.000 места. Сетоа тоа Ливерпул ќе го чини околу 80 милиони фунти и планирано е да се заврши до почетокот на идната сезона.

Јасно е дека сетоа тоа не е евтино, па во Ливерпул прават се за да ги обезбедат средствата за започнување на реновирањето, една од опциите е промена на името на стадионот. По примерот на Барселона како што направи пред неколку месици Ливерпул веќе има понуда од неколку спонзори кои сакаат нивното име да биде додадено.

Иако навивачите се против тоа и не сакаат клубот да го промени името, тоа стана скоро секојдневние во модерниот фудбал и тешко дека ќе го избегне и Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…