Eдин Џеко фантастично ја отвори сезоната во италијанската Серија А, токму поради тоа неговиот поранешен клуб би можел да се обиде да го врати во своите редови.
Босанскиот „дијамант“ практично продолжи онаму каде што застана минатата сезона во која постигна 29 погодоци, а на стартот од новата веќе постигна пет погодоци на четири натпревари и според ситуацијата тој треба да е среќен и да ужива во Рим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, од Германија стигнуваат сосема спротивни информации, „Спорт Билд“ утрово лансираше вест дека Един Џеко го контактирал спортскиот директор на Волфсбург, Олаф Ребе и се распрашувал какви се шансите клубот да го врати на „Фолксваген арената“.
Овие информации директорот Ребе, не ги потврди, но и не ги демантираше, дури со својата изјава и ги „подгреа“ шпекулациите.
„Ако Един е достапен на пазарот ние сериозно ќе размислиме да го доведеме“, истакна Ребе.
Иначе Џеко е вистински идол помеѓу навивачите на Волфсбург, клуб со кој во 2009 година стигна до сензационалната титула во Бундеслигата.