Искусниот напаѓач Един Џеко долго се поврзуваше со трансфер во Хајдук, сепак изгледа дека од тој трансфер нема да има ништо.
Откако Никола Калиниќ беше поставен на позицијата спортски директор на Хајдук тргна по потписот на напаѓачот, меѓутоа на крајот не постигнале договор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината поради која Џеко одлучил да остане во Фенербахче е платата која ја добива.
Во турскиот гигант Џеко има плата од 4.2 милиони евра годишно и тоа е сума која во Хајдук не можеле да си ја дозволат.
Сепак, се додава дека Џеко не ја исклучил можноста наредното лето да се пресели во Хајдук и во овој клуб да стави крај на кариерата.