Дома Македонски спорт „До пред ЕП ретко кој знаеше како изгледаат ракометарките, а денес се спортски симболи“

„До пред ЕП ретко кој знаеше како изгледаат ракометарките, а денес се спортски симболи“

Женската ракометна репрезентација на Македонија како ретко кога во последните десетина година деновиве беше во центарот на вниманието поради настапот на Европското првенство.

Македонија доби учество на Европското првенство како еден од домаќините заедно со Словенија и Црна Гора. Јавноста испрати голема поддршка до девојките и покрај трите порази.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Ракометната федерација Живко Мукаетов денес на брифингот со новинарите изрази задоволство.

„Горд сум на сето ова што сработевме, ова беше сериозен предизвик и верувам дека одговоривме на предизавикот. Горд сум што имавме и повеќе од 1000 волонтери во сите сегменти, сите тие придонесоа организацијата на овој настан да биде на највисоко ниво.

Посебно горд ме прави фактот што ракометарките станаа спортски симболи, а до пред ЕП ретко кој знаеше како изгледаат, сега се многу попознати во јавноста за фановите. Ова секако е еден голем плус во нашите обиди да го кренеме женскиот ракомет на повисоко ниво“, изјави Мукаетов.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…