Дома Македонски спорт Димитриевски за играњето под маска: Не можевме ниту да дишиме како што треба, ова нема логика!

Димитриевски за играњето под маска: Не можевме ниту да дишиме како што треба, ова нема логика!

Натпреварот помеѓу Адамар Леон и Сифин стана и тоа како позната овој викенд и тоа не поради резултатот или по некој потег туку затоа што ова беше првиот натпревар во историјата на ракометот кој се играши со маски.

Натпреварот од шпанската АСОБАЛ лига се играше под строги правила и играчите и судиите во натпреварот мораа да носат маски.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Еден од ракометарите кои играа во овој натпревар беше Македонецот Дарко Димитриевски кој во изјава за „Балканд Хендбол“ откри колку било тешко да се игра под маска. Димитриевски го носи дресот на Сифин.

„Неверојатна ситуација. Ни јавија што не очекува на само четири часа пред почетокот на мечот, па немавме ниту еден тренинг под такви околоности. Второ, не ми е јасно како тоа во ред е да влезат 1500 навивачи во салата, а ние да играме со маски на лицето. Не ни можевме да дишиме како што треба, а не пак да комуницираме на теренот. Не треба ниту да зборувам дека маската не треба да стои на лицето како што е пропишано во такви услови подолго од пет минти, неизбежно е да се помести и навистина не гледам логика во таа одлука. Моравме да ги менуваме маските на пет минути бидејќи брзо се потиме и чувството е многу лошо. Кога ни прават тестови пред секој натпревар, зошто да носиме маска?“, изјави Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…