Дома Македонски спорт Димитриевски блиску да стане апсолутен рекордер во Рајо!

Димитриевски блиску да стане апсолутен рекордер во Рајо!

Македонскиот голман Столе Димитриевски брани во фантастична форма во дресот на Рајо Ваљекано и зад себе сезонава има девет натпревари во кои не примил гол.

До деветтата „чиста мрежа“ Димитриевски стигна за викендот против Атлетик Билбао и така се израмни со Рубен Мартинез кој до девет пати ја сочува мрежата во сезоната 2013/2014. Меѓутоа во преостанатите 14 натпревари од Ла Лига, Димитриевски има голема можност и да стане асполутен рекордер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Пред него е само Коке Контрерас со десет „чисти мрежи“ од сезоната 1996/1997. Ако македонскиот голман двапати ја сочува мрежата во тие 14 кола ќе го прескокне и ќе стане најефектен голман во една сезона во историјата на клубот.

Исто така Коке го држи рекордот со најмалку примени голови (49) во една сезона. Димитриевски досега прими 25 и ако прими помалку од 23 гола до крајот ќе сруши уште еден рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…