Дома Фудбал Ибрахимовиќ со нова улога ќе биде дел од Мундијалот: Ова ќе биде најдобриот досега!

Ибрахимовиќ со нова улога ќе биде дел од Мундијалот: Ова ќе биде најдобриот досега!

„Фокс спорт“ американскиот канал на англиски јазик за Светското првенство во фудбал 2026 година, објави дека легендарниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе биде дел од нивниот тим за следното Светско првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ибрахимовиќ за првпат ќе ги покаже своите квалитети и како стручен коментатор..

Ова лето ќе почне со работа како аналитичар во американската телевизија.. Новата улога започнува на 11 јуни 2026 година, кога турнирот ќе стартува низ Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

“Златан ни носи уникатна самоувереност и перспектива, тој е големо засилување за навивачите и телевизијата го поздравува како најнов член на нашиот тим за емитување на Светското првенство,” изјави Бред Загер, извршен продуцент на „Фокс Спорт“.

Со повеќе од 100 настапи за шведската репрезентација, Ибрахимовиќ е најдобар стрелец на земјата со 62 постигнати голови, настапувајќи на две Светски првенства во 2002 и 2006 година и четири Европски првенства. Дванаесет пати е избран за шведски играч на годината.

Самиот Златан најавува дека ова ќе биде најголемото Светско првенство досега.

“Светското првенство 2026. ќе биде најдоброто во историјата. Возбуден сум да објавам дека ќе се приклучам на „Фокс Спорт“ во САД за да го пренесуваме првенството. Ви благодарам, Америка,” потврди Ибрахимовиќ.

Светското првенство кое за првпатќ е го организираат три држави ќе се одржува од 11 јуни до 19 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ита кон титулата, сега само чудо може да го спречи! (Видео)

Фудбалерите на Вардар максимално го искористија киксот на Шкендија, која не успеа да слави…