Манчестер Сити синоќа направи огромен чекор кон одбрана на титулата победувајќи го Лестер со 1:0.
Граѓаните долго се мачеа во овој натпревар, а отпорот на гостите успеа да го скрши Винсент Компани во 70. минута за ерупција на Етихад.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сити сега има 95 бода, односно бод повеќе од Ливерпул, а до крајот остана уште едно коло. Следниот викенд Сити гостува кај Брајтон, а Ливерпул го пречекува Волвс.
Синоќа на Етихад можевме да видиме една новина на фудбалските стадиони. Имено, најверните навивачи на Манчестер Сити наместо класични транспаренти, истите ги испратиле на клубот, а тие ги поставиле во дигитална верзија.
Навивачите на Островот, но и Европа беа шокирани од виденото, а некои навивачи на Ливерпул ова го оценија како ‘ново ниво на пластичен клуб’ како што е Сити.
Digital banners. Digital. Fucking. Banners. City creating a whole new level of plastic, doesn’t get much more embarrassing than this shit ? pic.twitter.com/RDZQ5npnyY
— Dan (@OutrageousRobbo) May 6, 2019