Дома Фудбал Англија Деновите на Солскјер се одброени, Јунајтед веќе му најде замена

Деновите на Солскјер се одброени, Јунајтед веќе му најде замена

Манчестер Јунајтед можеби го бележи најлошиот старт во новата клупска историја, а на најголем удар на критики е менаџерот Оле Гунер Солскјер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените ѓаволи“ играат очаен фудбал и тешко е да се верува дека Норвежанецот ќе остане до крајот на својот тригодишен договор на „Олд Трафорд“ кој го потпиша во март оваа година.

Англиските медиуми пренесуваат дека раководството веќе пронашло замена и има постигнато договор со италијанскиот стартег Масимилиано Алегри.

Алегри е слободен после заминувањето од Јувентус ова лето и наводно дал согласност да седне на жешкото столче на „Олд Трафорд“.

„Дејли Мејл“ пренесува дека Алегри веќе се подготвува да дојде во Манчестер,  па одлучил за свој помошник на „Олд Трафорд“ да го земе Патрис Евра, кој одлично го познава клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалер на Порто нападнат со нож во сопствениот дом – ќерката била сведок на страшната сцена!

Вистинска драма го потресе Португалија и Порто, откако полскиот дефанзивец Јан Беднарек до…