Аргентинскиот тениски ас Хуан Мартин Дел Потро го освои мастерс турнирот во Индијан Велс откако во финалниот дуел го порази светскиот рекет број 1, Роџер Федерер и ја прекина неговата фантастична победничка серија од 17 победи по ред сезонава.
За Дел Потро ова е 22 освоен турнир во кариерата, но и прва титула на некој од „мастерс 1000“ турнири, како и најголема турнирска победа по освоениот УС Опен во 2008 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот до победата дојде во три сета, при што спасуваше три меч- топки (6:4, 6:7 и 7:6).
ДелПотро го освои првиот сет благодарение на брејкот во петиот гем, а Федерер ја искористи дури седмата сет-топка во вториот сет. Пред да го земе сетот Швајцарецот мораше да спасува и една меч-топка на Аргентинецот.
Третиот сет донесе уште повеќе драматика. Федерер при резултат 4:4 по прв пат му го одзеде сервисот на Дел потро, а кога сервираше за мечот не искористи три меч топки, две врзани при резултат 40:15 и уште една предност. Аргентинецот ја искористи моќноста, па со брејк стигна до 5:5, за да доминира во тај-брекот.