Дома Фудбал Де Јонг: На Де Лихт му оди добро во Јувентус, но еден ден ќе дојде во Барселона

Де Јонг: На Де Лихт му оди добро во Јувентус, но еден ден ќе дојде во Барселона

После заедничката мината сезона во Ајакс се раздели фудбалскиот пат на Френки Де Јонг и Матијас Де Лихт. Играчот за врска се пресели во Барселона, додека стоперот го избра Јувентус.

Де Лихт исто така беше блиску до Барселона, но на крајот заврши во Торино. Меѓутоа, неговиот поранешен соиграч верува дека е само прашање на време кога и Де Лихт ќе го облече дресот на Барселона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Фактот дека отиде во Италија не ја менува визијата дека во наредните години ќе дојде во Барселона, му оди добро во Јувентус, но еден ден ќе дојде во Барселона“, изјави Де Јонг за „Де Телеграф“.

Де Јонг исто така е задоволен од неговите досегашни настапи во Барселона.

„Среќен сум се оди одлично во Барселона. Градот е прекрасен, во декември не ви се потребни ракавици. Покажав квалитет, но работам напорно за да бидам уште подобар бидејќи не сум толку доминантен како во Ајакс“, призна репрезентативецот на Холандија и еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…