Дома Фудбал Англија Два дена пред дебаклот против Брентфорд се случил хаос во соблекувалната на Јунајтед

Два дена пред дебаклот против Брентфорд се случил хаос во соблекувалната на Јунајтед

Манчестер јунајтед повторно одигра ужасен меч во Премиерлигата и загуби со 0-4 од Брентфорд, а проблем не е само играта, туку и атмосферата во кллубот.

„Манчестер Ивнинг Њуз“ објави дека два дена пред мечот со Брентфорд се случил хаос во соблекувалната по тренингот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите се карале меѓусебе и очигледно тоа ја уништило атмосферата пред мечот во второто коло во кој Јунајтед беше посрамотен.

Не е познато колку лица учествувале во караницата, но пред три месеци за малку ќе имаше тепачка исто така во соблекувалната, па очигледно нешто не е како што треба во клубот.

Тренерот Ерик Тен Хаг побара итни промени и нови засилувања, а претходно и други тренери, како Жозе Мурињо и Ралф Рангник предупредуваа дека во клубот има проблем и мора да се реши во најбрз можен рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…