Дома Македонски спорт Дарко Ангеловски го продолжи договорот со Работнички

Дарко Ангеловски го продолжи договорот со Работнички

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Ангеловски нема да ја промени средината и во следната сезона ќе остане во Работнички.

Минатата сезона Ангеловски пристигна во Работнички од ОК Вардар, а сега се договори за продолжување на соработката. Либерото на македонската репрезентација постигна договор за нова соработка од една година.

Низ кариерата популарниот Шаби играше уште за ОК Будва од Црна Гора, Униреа Деј од Романија и Ниш од Србија. Најголем успех во неговаа кариера секако е неодамнешниот настап на Европското првенство на кое со Македонија стигна до осминафиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …